Фудбал
109 голови на Роналдо: Дали занете која репрезентација најмногу ја „сака“?
Кристијано Роналдо синоќа постигна два нови погодоци во дресот на репрезентацијата на Португалија.
Со два гола, Роналдо и донесе бод на Португалија против Франција (2:2) во последното коло од групната фаза на ЕУРО. Напаѓачот на Јувентус веќе постигна пет гола на турнирот, а тој број ќе има можност да го зголеми во понеделник против Белгија во осминафиналето.
Со 109 голови, Роналдо го изедначи рекордот на Иранецот Али Даеи и не планира да застане тука. Поранешниот напаѓач на Баерн постигна 109 гола на 149 настапи за Иран помеѓу 1993 и 2006 година. До синоќа никој во националниот фудбал не постигна толку многу голови.
Тој постигна најмногу голови против Шведска и Литванија. На дуелите против овие селекции, тој постигна дури по седум погодоци.
Роналдо постигна шест гола против Андора, а ги затресе мрежите на Луксембург, Летонија и Ерменија по пет пати. Постигна по четири гола против репрезентациите на Естонија, Фарски Острови, Унгарија и Холандија.
По три гола постигна против Белгија, Данска, Северна Ирска, Русија, Шпанија, Швајцарија …
Роналдо собори бројни рекорди и е еден од најдобрите во историјата на фудбалот, без сомнение. На крајот на краиштата, тој постигна вкупно 21 гол на големите натпреварувања (Европски првенства и Светски првенства), надминувајќи го Мирослав Клосе, кој остана на 19 комбинирани голови.
Роналдо со своите 36 години и 130 дена стана најстариот играч кој постигнал два или повеќе гола на еден натпревар на Европското првенство. Претходниот сопственик на рекордот беше Андриј Шевченко, кој имаше 35 години и 256 дена кога постигна два гола за неговата Украина против Шведска (во 2012 година).
Ова беше 39. настап на Роналдо на големи натпреварувања (европски и светски првенства), што е рекорд за европски играч.
Но, Роналдо ги има истите изјави по секој натпревар, а тие отприлика звучат вака: „Најважно е што победивме, рекордите се само бонус. За мене успехот на мојот тим е најважен“. Затоа е таму каде што е со години – на самиот врв и ќе продолжи.
109 AND COUNTING ?
Cristiano Ronaldo matches Ali Daei's record for the most goals in men's international football history ?#EURO2020 pic.twitter.com/qbU9jSvcEF
— Goal South Africa (@GoalcomSA) June 24, 2021