Connect with us

Фудбал

Падна договор, Манчестер Јунајтед наскоро ќе го промовира новиот тренер, тоа е човекот кој со клуб од Германија стана хит

„Атлетик“објави ексклузивна информација дека нов менаџер на „црвените ѓаволи“ ќе стане искусниот германски стручњак Ралф Рангник.
63-годишниот фудбалски стратег зад себе има големо искуство, а со Јунајтед треба да потпише договор до крајот на сезоната. По истекот на договорот тој ќе остане во клубот уште две години каде ќе ја има улогата на советник.

 

Тој ќе го замени норвешкиот стручњак Оле Гунар Солскјаер, кој го напушти клубот пред неколку дена.
Рангник е творец на познатиот тим на Хофенхајм, кој стана хит во Германија, а работеше и во РБ Лајпциг, Шалке, Штутгарт и Хановер.

Искусниот стручњак ќе пристигне во Манчестер на почетокот на следната недела, а на клупата ќе дебитира на дуелот против Арсенал кој се игра на 2 декември.
Рангник моментално е вработен како спортски директор во московски Локомотив, но веќе е договорен прекин на соработката со овој клуб и Германецот на почетокот на новата недела ќе го преземе раководството на гигантите од Олд Трафорд.

Реклама

Facebook

Реклама