Фудбал
„Покажавме дека сме најдобриот тим во Германија, во ЛШ сакаме да играме уште подобро“
Брилијантниот напаѓач на Баерн Минхен, кој синоќа го постинга победничкиот гол, а воедно и голот за обезбедување на 30. титула на германскиот гигант, призна дека е тешко да се прослави титулата без навивачи.
„Ние сме шампиони на Германија. Се разбира, тоа е доста тешко да се слави без навивачи. Недостасува страст, но ние сме задоволни. Беше тешка сезона, долго се боревме за титулата. Се надевам дека наскоро ќе можеме да славиме со навивачите на стадионот. Покажавме дека сме најдобриот тим во Германија. Во ЛШ сакаме да играме уште подобро“, нагласи Левандовски.
На Баерн во ЛШ му останува да го потврди пласманот во четвртфиналето, бидејќи во првиот осминафинален дуел го совлада Челзи на гости со 3:0.