Фудбал
Промовиран Дарко Илиевски, дефанзивно засилување од Шкупи во Пелистер
Пелистер по две години, повторно се враќа во првата лига, па сега го создава и можниот тим. Последното засилување е промовирано денеска, а тоа е Дарко Илиевски кој од Шкупи прави трансфер во Пелистер.
Ова е трето засилување на Пелистер.
24-годишниот дефанзивец сигурно ќе биде од големо значење за целите на Пелистер, затоа што на својот грб има бројни натпревари одиграни во Првата македонска фудбалска лига.