Фудбал
Сане си оди од Манчестер сити, веќе е познат и новиот клуб
Германскиот репрезентативец се очекува да биде една од главните ѕвезди на фудбалскиот трансфер пазар. Лирој Сане официјално го известил Манчестер Сити дека сака да го напушти клубот летово. Крилниот напаѓач одби неколку понуди за продолжување на соработката со клубот од „Етихад“ како би ја продолжил кариерата во германскиот шампион Баерн Минхен.
„Лерој не сака да го продолжи договорот со Манчестер Сити. Што значи дека ќе си замине на крајот од сезоната“, изјави Пеп Гвардиола.
Клубот кој Гвардиола не го именуваше веројатно е Баерн Минхен. Сане минатото лето имаше скоро договорен трансфер во Германија меѓутоа се пропадна кога тој заработи тешка повреда во Комјунити Шилд.