Фудбал
Атлетико ја одби лудата понуда од 150 милиони евра
Атлетико Мадрид ја одбил понудата од 150 милиони евра за Жоао Феликс од клубот од Премиер лигата минатата година, пренесува „Гол“.
20-годишниот Португалец премина во Атлетико минатото лето од Бенфика, но тоа не го спречи клуб од Премиер лигата да му понуди на Атлетико огромни пари за играчот од средниот ред.
Понудата, направена од клуб чие име не е објавено, беше сериозна, но веднаш беше одбиено од Атлетико.
Феликс важи за иднина на мадридскиот тим, кој потроши 126 милиони евра за да го добие од Бенфика по трансферот на Антоан Гризман во Барселона.