Connect with us

Фудбал

Пике „распали“ по Реал и судењето, пристигна одговорот на Зидан

Реал Мадрид и Барселона ќе водат голема борба за шпанската титула до крајот на сезоната, особено по синоќешниот натпревар помеѓу Каталонците и Севиља (0:0).

После тој натпревар, Жерард Пике „распали“ по Реал Мадрид и судиските критериуми за натпреварите на Лос Бланкос, велејќи дека ќе биде тешко клубот да изгуби поени од главниот град.

„Ќе биде тешко да се одбрани титулата. Реал Мадрид тешко дека ќе изгуби поени“, беше коментарот на Пике за тоа што се случи на последните натпревари на Реал против Валенсија и Еибар.

Одговорот на Зинедин Зидан пристигна денес за време на пресот во кој се најавуваше тешкото гостување кај Реал Сосиедад на стадионот „Аноета“.

„Јас сум таков, не е дел од мене да се лутам. Јас се обидувам да искористам сè што се случува во мојот живот. Среќен сум што го правам тоа што го сакам“, рече Зидан.

„Може да се лутам, како и многу други луѓе, но не го правам тоа затоа што мислам позитивно. Јас имам свое мислење, но нема да го коментирам тоа, бидејќи работите можат да се свртат наоколу. Мислам дека судиите не не’ фаворизираат“, додаде францускиот стратег.