Фудбал
Аталанта го растури Сасуоло, еврогол на Бурабија
Аталанта со фантастична игра денеска го порази Сасуоло (4-0) и му се приближи на Интер на само три бодови на табелата. Тимот од Бергамо беше доминантен, посебно во првото полувреме, па запиша нова победа и осми дуел во низа останува без пораз. Избраниците на Гасперини заслужено ги запишаа трите бода и продолжуваат со борбата за едно од местата кое води во Лигата на шампионите.
Аталанта со 51 бод се наоѓа на четврто место, а пред нив е Интер со 54 бодови, додека зад нив се наоѓа Рома со 45 бода.