Фудбал
Пандев и Џенова на маки, Корнелиус ја носи Парма со 2:0 на пауза
Во тек е натпреварот од 27. коло од италијанската Серија А помеѓу Џенова и Парма. Гостите покажаа одлична игра и заслужено заминаа на полувреме со резултат од 2:0.
Во 18. минута од натпреварот Корнелиус го отвори резултатот и го носи гостинскиот тим до водстов од 1:0.
Џенова имаше одлична шанса да го изедначи резултатот на 1:1 од пенал во 29. минута, но капитенот Кришито не успеа да ја затресе мрежата.
Во 33. минута, повторно Кришито беше прецизен и му донесе водство од 2:0 на својата Парма.
Останува да го проследиме второто полувреме и да видиме дали нашиот Пандев и Џенова ќе имаа сили да се вратат во натпреварот.