Сезоната во Англија продолжи минатата недела, но веќе е јасно дека Ливерпул ќе биде новиот шампион на Англија.
Црвените веќе 30 години чекаат на титулата, а сега се на милиметар од трофејот. На Ливерпул му требаат уште неколку поени за официјално да ја обезбеди титулата, а потоа може да започнат свеченостите.
Ливерпул исто така полека се подготвува за новата сезона, која треба да започне некаде на почетокот на септември.
Фотографии од дресот на Ливерпул за новата сезона се појавија денес на Твитер, а мислењата на навивачите на овој клуб се поделени.

Некои се воодушевени од изгледот на гостинскиот дрес, додека има и такви кои воопшто не го сакаат дизајнот.
