Фудбал
Фантастичен натпревар на „Меаца“: Интер – Сасуоло 3:3
Интер и Сасуоло ги поделија бодовите вечерва со тоа што одиграа 3: 3 во натпреварот од 27. коло од Серија А на „Меаца“.
Во овој многу интересен натпревар возбудата започна во 4. минута кога гостите го презедоа водството преку Капуто. Сепак, нешто пред крајот на првото полувреме, Интер со головите на Лукаку од пенал и Бираџи доаѓа до пресврт.
И во второто полувреме видовме три гола, само два овој пат завршија во мрежата на „Нероазурите“.
Сè се случи од 81. минута од натпреварот, па до крајот. Гостите најпрво стигнаа до 2: 2 преку Берарди од пенал, но Борџа Валеро ја враќа предноста во Интер на четири минути пред крајот. Кога се сметаше дека бодовите ќе останат на Меаца, Магнани се погрижи за спротивното во 89. минута. Тогаш беше поставен конечниот резултат на натпреварот.
Натпреварот го одбележа и тешката промашување на Роберт Галјардини, кој во 63. минута од само неколку метри промаши празен гол.
По овој резултат, Интер дефинитивно ги губи сите шанси за титулата затоа што останува на минус осум во однос на Јуве и минус четири и натпревар повеќе во однос на Лацио.
Од друга страна, Сасуоло е на 12. позиција со 33 бода.
Исто така, треба да се каже дека домашниот тим мечот го заврши со десет играчи, бидејќи Шкриниар доби црвен картон во надомест на судијата.