Connect with us

Други спортови

Халеп самата донесе одлука да ги намали градите

Симона Халеп со години е меѓу најдобрите тенисерики на светот.

Самата Халеп донесе одлука да ги намали градите затоа што сегашната победничка на Вимблдон има болки во грбот. Тоа го откри нејзиниот тренер, Даниел Добре.

“Таа рече дека има болки во грбот и дека ќе мора да ги намали градите. Таа е многу инспиративна личност кога станува збор за донесување на вакви одлуки. За 12 години колку што ја знам, таа никогаш не доцни и никогаш не заборава за што зборувавте, иако тоа е во последните неколку месеци, дури и пред неколку години“, рече Добре.

Халеп покажа силен карактер уште од рана возраст, како што покажа кога имала околу 15 години и нејзината одлука да замине во Букурешт.

“Таа е многу силна личност. Таа ја донесе одлуката во врска со нејзината кариера. Чудно е затоа што во Романија вашите родители одлучуваат сè. Кога имала 14, 15 години Симона рекла дека сака да оди во Букурешт за да тренира, да таа повеќе не сакала да работи со тој тренер, туку со друг “, рече Добре.

Иначе, Симона Халеп е Влаинка со Македонско потекло, а досега има освоено два Гренд слем, во 2018 година беше шампион на Ролан Гарос, а минатата година го освои Вимблдон.