Други спортови
Ѓоковиќ го смени планот за вториот тест
Откако беше позитивен за коронавирус, Новак Ѓоковиќ е во изолација и сега чека на нов тест.
Најдобриот тенисер на светот ќе го изврши вториот тест за коронавирус за осум дена, иако првичниот план беше за пет дена.
„Се надевам дека ничија здравствена состојба нема да биде комплицирана и дека сите ќе бидат добри. Ќе останам во самоизолација наредните 14 дена и ќе го повторам тестот за 5 дена“, рече неодамна Ѓоковиќ.
Планот се смени, и тестирањето ќе биде на 7-ми јули.
Ѓоковиќ се најде во неволја кога ја организираше турнејата Адрија, а првите позитивни тенисери се појавија во Задар. Тој отиде во Белград на тестирање и се покажа дека е позитивен.