Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Навивачите во еуфорија: Хакими пристигна на прегледи во Милано

Големото засилување на Интер, Ашраф Хакими денес пристигна во Милано каде треба да ги обави лекарските прегледи, а потоа да стави потпис на договорот.

21-годишниот Мароканец оваа сезона ја воодушеви фудбалска Европа со настапите за Борусија Дортмунд, па сигуро ќе биде големо засилување за „нероаѕурите“.

Интер за неговиот потпис на Реал Мадрид ќе му плати 40 милиони евра, плус 5 милиони евра во форма на бонуси.

Откако ќе ги помине лекарските прегледи, Хакими ќе стави потпис на 5-годишен договор според кој ќе заработува 5,5 милиони евра по сезона.

Sportski.mk