Фудбал
Завршен е трансферот на Лерој Сане!
Новинарот на „Билд“, Кристијан Фалк, кој секојдневно ги следи сите настани во и околу Баерн, тврди дека Лерој Сане е новиот играч на германскиот шампион.
Сане долго време се поврзуваше со Баерн, требаше да дојде порано, но доживеа сериозна повреда. Неговиот договор истекува следното лето и беше јасно дека Манчестер Сити нема да остави ништо случајно и ќе го продаде затоа што самиот играч не сакаше да го продолжи договорот.
На крајот, Манчестер Сити и Баерн постигнаа договор, па крилниот играч ќе го носи дресот на Баерн следната сезона, барем ако веруваме на Фалк, кој обично погодува со информации кога станува збор за тимот од Минхен.
Засега нема детали, а последната понуда што Баерн ја испрати за Сане беше 70 милиони евра.
Сане има 24 години и има две титули во Премиер Лигата, ФА Куп, два англиски лига купови, а исто така беше и јуниорски шампион на Германија со Шалке, од каде исто така замина во Сити.
announcement Leroy Sané: the Transfer to @fcbayern is done! @BILD_Sport
— Christian Falk (@cfbayern) June 30, 2020