Фудбал
Проблеми со Гризман: Неговата сестра побара итна средба, Французинот јасно го покажа својот став
Една од главните теми, кога станува збор за Барселона, е Антоан Гризман.
Имено, тој доби шанса од клупата трипати во последните четири натпревари, а дури два влеза беа во 90-та минута.
Поради сето ова, следната недела неговата сестра, која е негов агент, ќе одржи итен состанок со челниците на Барселона за да открие што се случува.
Наводно, се разгледува опцијата за размена на играчи, во која би бил вклучен Гризман, но Французинот нема ни да размислува за тоа.
Тој, наводно, ја отфрлил секоја можност за напуштање на клубот, па опцијата за размена пропаднала, а тој требало да биде вклучен во размената со Лаутаро Мартинез.
Останува да се види дали ситуацијата ќе се реши или Кике Сетиен ќе продолжи да работи самостојно.