Фудбал
ВИДЕО: Плачот за помош одекнуваше во Бергамо, жестокиот дуел резултираше со пукната глава на Оспина
Голманот на Наполи, Давид Оспина доживеа многу незгодна повреда синоќа во Бергамо.
Во 30. минута од натпреварот од 29. коло од Серија А, Оспина доби силен удар од неговиот соиграч Марио Руи по една интервенција.
Плачот за помош на колумбискиот голман одекнуваше низ празниот стадион „Атлетик Азурири Д’Италија“, бидејќи тој во тој момент беше навистина тешко повреден.
Во видеото и на фотографиите, јасно се гледа дека раната на главата е отворена, од која веднаш потече крв, но за среќа, по брзата интервенција на лекарот, неговата состојба останала стабилна.
Тренерот на Наполи Џенаро Гатузо секако веднаш го замени со Алекс Мерет.
Денес, Колумбиецот треба да има детални прегледи на главата, по што треба да се знае дали е сè во ред.
Патем, Наполи го загуби овој натпревар со 2:0.