Фудбал
Македонец го засилува ФК Вележ
Вележ ќе добие уште едно засилување пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата на Босна и Херцеговина.
Новиот член на клубот ќе биде 24-годишниот македонски стопер Константин Чешмеџиев, кој претходно го носел дресот на Шкендија.
Иако имаше понуда да ја продолжи соработката со Шкендија, овој фудбалер реши да потпише за Вележ.
Чемедџиев утре ќе пристигне во Босна и Херцеговина и ќе потпише договор со Вележ, со што ќе се реши проблемот во стоперската позиција на овој клуб.
Чешмеџиев својата кариера ја започна во Работнички, а играше и за академијата Пелистер, ,Љубанци и Академија Пандев. Во претходните две години тој го носеше дресот на Шкендија.