Фудбал
ВИДЕО: Фудбалерот на Лацио во стилот на Суарез, ја дозна казната за гризнувањето на противникот
Само поразот на Јувентус во Милано, до одреден степен, го остави Лацио во игра за Скудетото, со оглед дека римскиот тим обезбеди слаба игра вчера и забележа пораз на гости кај Лече.
Натпреварот на стадионот Виа дел Маре беше обележан со инцидент од самиот финиш кога фудбалерот на Лацио, Патрик го гризна противникот, Донати.
Донати веднаш „направи гужва“, па судијата наскоро го исклучи Патрик.
#Mordida!! El defensor de la #Lazio Patric se mandó la gran Luís Suárez!! #Increible #SerieA pic.twitter.com/YEHWLRd4AD
— Bolívar Bermello Mendoza (@BermelloBolivar) July 7, 2020
Патрик денеска беше дополнително казнет за неговиот потег во стилот на Суарез.
Италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио пишува дека Патрик е суспендиран од четири натпревари, но и казнет со 10.000 евра.
Треба да се напомене дека италијанските медиуми пишуваат дека Патрик отишол во соблекувалната на Лече веднаш по натпреварот за да му се извини на Донати, а тој подоцна ја признал грешката во порака на Инстаграм.
Патрик, 27-годишен дефанзивец, има остварено 20 настапи за Лацио во сите натпреварувања оваа сезона, а има постигнато и гол во Купот на Италија.