Фудбал
„Меси може да игра без проблеми до 2025 година“
Еден од оние што мислат дека Лионел Меси не е ни приближен до крајот на неговата кариера е Луис Гарсија.
Поранешниот играч на Ливерпул и Барселона смета дека Аргентинецот би можел да игра до 40-годишна возраст, а како предност во постигнувањето на таа цел, тој ја наведе неговата интелигенција да се прилагоди на секоја сезона.
„Мислам дека може да игра до близу 40. Начинот на кој игра импресивно е како тој го прилагодува неговиот стил на игра – тој ни покажува нешто поразлично секоја година, но задржува иста количина на голови, асистенции, дури и повеќе“, вели Гарсија.
Стелецот на некои многу важни голови за Ливерпул од почетокот на овој век додава:
“Тој се прилагодува. Тој не е толку далеку затоа што знае дека е потешко. Тој малку се повлекува. Тој ни покажува колку е интелигентен, бидејќи тој секогаш го прави она што му треба на тимот. Го гледам како игра до 2025 година, лесно.”
Патем, Меси пред неколку дена наполни 33 години, а неговиот сегашен договор со Барселона важи до следното лето. Иако преговорите за продолжување неодамна беа наводно прекинати, многумина веруваат дека на крајот сè ќе заврши со потпишувањето на Аргентинецот за продолжување на соработката најмалку уште три години.
Доказ дека не се откажува е фактот дека тој постигна 27 голови и додаде 24 асистенции во оваа сезона, а тој мора да одигра уште неколку натпревари до крајот.