Connect with us

Фудбал

ФОТО: Ја препознавате ли легендата на Јувентус? Пристигна во Барселона, а потоа објави фотографија со Меси

Фудбалерите на Барселона денеска одработија нова тренинг сесија, по што беа посетени од легендарниот француски напаѓач Давид Трезеге.

Трезеге ги помина најдобрите денови од својата кариера во дресот на Јувентус за кој играше десет години. Тој ја заврши кариерата пред пет години играјќи во Индија за Пуне Сити.

Тој денес се огласи на Инстаграм и им откри на своите фанови дека пристигнал во Барселона, и ја искористи можноста да го посети каталонскиот клуб.

Секако, првата фотографија што ја објави Трезеге беше со Лионел Меси, а подоцна се фотографираше и со неговите сонародници Гриезман, Умтити и Ленглет.