Connect with us

Фудбал

Фабрегас најдобро опиша колку се смени Пике: Ова не е човекот што некогаш го познавав

Сеск Фабрегас даде интересно интервју за „Би-Би-Си“ во кое зборуваше за малку различни работи од вообичаеното.

Фабрегас во својата досегашна кариера играше за Арсенал, Барселона, Челси и Монако, а исто така играше и за шпанската репрезентација со многу успеси. За „Би-Би-Си“, овој играч од средниот ред зборуваше за нешто поопуштени теми и откри многу интересни работи.

Сеск рече дека Диего Коста и Жерард Пике се дефинитивно „најлудите“ луѓе со кои се сретнал. Сепак, открил дека Пике многу се менувал со годините и дека не личи на човекот што некогаш го познавал.

„Го познавам Пике многу години. Игравме заедно кога имав десет години. Тој сега е бизнисмен и сликата што ја имав сега е сосем различна. Тој порано правеше неверојатна лудост и беше задолжен за добрата атмосфера во тимот“, рече Фабрегас и додаде:

„Се сеќавам дека едно време ги прободе гумите на автомобилот на нашиот голман. Момчето отиде дома со автомобилот и застана некаде на патот, а ние наидовме и се смеевме на него. Тој и Диего Коста се навистина најлудите луѓе што сум ги запознал. Само Пике сега е сериозен човек и тој се смени целосно“.