Connect with us

Фудбал

После 14 години се вратија во Ла Лига: Прво засилување искусниот Алваро Негредо

Алваро Негредо ќе игра повторно на европско тло следната сезона.

Негредо играше за Ал-Наср од 2018 година, а по истекот на неговиот договор, 34-годишниот од Мадрид се враќа во Шпанија.

Некогашниот одличен стрелец на голот, стана нов фудбалер на Кадиз.

Мануел Визцано, претседател на Кадиз, потврди дека Негредо стана првото засилување на клубот за новата натпреварувачка година.

Патем, Кадиз загуби од Фуенлабрада со 0: 1 во текот на викендот, но благодарение на поразот на Сарагоса, по 14 години успеа да се избори за промоција во Ла Лига.

Кадиз ќе биде десетти клуб на Негредо во својата богата кариера. Тој претходно играше за Рајо Ваљекано, Алмерија, Реал Мадрид, Валенсија, Севиља, Манчестер Сити, Мидлсборо, Бешикташ и Ал-Наср.