Фудбал
Арда Туран прави изненадувачки трансфер?
Арда Туран стана слободен агент откако му истече договорот со Барселона.
Едно време, Туран се сметаше за еден од најдобрите играчи од средниот ред во Ла Лига. Игрите што ги обезбеди во Атлетико му донесоа и трансфер во Барселона, но тој не изгради име на „Камп Ноу“.
Веќе некое време Туран е далеку од првиот тим, а ништо подобро не помина ниту на позајмицата во Башакшехир, што ќе го памети по инцидентот во кој физички го нападна помошниот судија и потоа заработи 16 натпревари на суспензија.
Дека деновите на слава се далеку зад Туран денес, покажува и првата понуда што ја доби по напуштањето на Барселона. Имено, на 33-годишниот фудбалер му понуди договор Хановер, кој се натпреварува во вториот ранг на германскиот фудбал.
„Арда е докажан играч. Ако трансферот е финансиски изводлив, би сакал да го видам во мојот тим“, изјави тренерот на Хановер, Кенан Кочак, за турските медиуми.
Дали Туран ќе заврши во Германија останува да се види.