Connect with us

Фудбал

Леванте на крилата на Барди до победа на гостувањето кај Селта

На вечерашниот натпревар од 37. коло во Ла Лига помеѓу Селта Виго – Леванте, македонскиот репрезентативец Енис Барди посигна два гола за голема победа на Леванте.

Натпреварот заврши 2-3, но доколку не бепе ВАР, Леванте ќе славеше 3-4, бидејки ВАР поништ по еден гол на двете екипи.

Нашиот репрезентативец Енис Барди го отвори резултатот во 11. минута, а само 3 минути подоцна беше поништен и вотриот гол на Леванте.

Во 28. минута Барди постигна одличен гол за водстово од 2:0 на гостинската екипа, а до крајот на првото полувреме беа забележани уште два гола. Во 36. минута Мина успеа да го намали водството на 2:1, а во 45. минута Аспас го израмни резултатот.

Леванте повторно стигна во водство во 52. минута кога Мајорал беше прецизен за 3:2.

На самиот крај домаќините постигнаа гол за израмнување на резултатот, но по прегледот на ВАР, голот на Селта Виго беше поништен, а крајниот резултат беше 2:3.