Connect with us

Фудбал

Меси веќе не можеше да молчи и кажа сè пред камерите: Сè тргна надолу… (ВИДЕО)

Реал Мадрид е новиот шампион на Шпанија.

Со победата од 2:1 над Виљареал, Кралевите стигнаа до својата 34. шампионска титула и го завршија шампионатот пред најголемиот ривал, Барселона.

Никој на „Камп Ноу“ не е среќен, особено првата sвезда на тимот Лионел Меси.

“Не очекувавме да заврши вака. Ние сме слаб тим во текот на целата сезона и од јануари сè тргна наудолу. Ако не промениме нешто, ќе загубиме против Наполи во Лигата на шампионите”, рече Меси, додавајќи:

“Треба да бидеме самокритични. Ние сме Барселона и мора да победиме на секој натпревар, без разлика со кого играме. Луѓето лесно постигнуваат голови против нас, губиме бодови таму каде што не треба. Оваа игра ја наслика комплетна сезона”, рече чесниот Меси.

Единствениот трофеј што Барселона би можел да го освои е Лигата на шампионите, но како што играат, тешко дека ќе го достигнат.