Connect with us

Фудбал

Дар на Реал од Бога: обраќањето на Зидан по титулата е навистина посебно

Зинедин Зидан повторно го однесе Реал Мадрид до трофејот.

Неверојатниот француски стручњак и апсолутна фудбалска легенда со „Кралевите“ го достигна 11-от трофеј во кариерата, а по освојувањето на Ла Лига, не сакаше да ги скрие своите емоции.

“Ова е одлична работа и емоциите се огромни. Не е лесно да се освои Ла Лига. Ова е еден од најдобрите моменти во целата моја кариера”, рече Зидан и потоа продолжи:

“Јас секогаш ќе бидам благодарен на Флорентино Перез што ме донесе во Мадрид и играм во најдобриот тим во светот. Приказната сега продолжува”, истакна Зидан.

„Сите играчи се подеднакво заслужни за овој успех“, јасно истакна Зидан.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, вечерва истакна дека Зидан е „дар од Бога“ и дека се надева дека ќе постигне уште поголеми работи во иднина.