Connect with us

Фудбал

Маркез подложен на операција, нервите не беа оштетени, па брзо ќе се врати на трките

Шпанскиот возач на Хонда, Марк Маркез имаше операција на раката и се чувствува добро засега.

Светскиот шампион на Мото ГП шампионатот претрпе сериозна повреда откако падна на последната трка и се здоби со скршеница на раката, па мораше да биде опериран.

Денеска беше објавено дека тој имал успешна операција и дека нервите останале неповредени, фрактурата е санирана, а во Марк е вметната метална плоча, која му помага на коската да заздрави побрзо, а постои и шанса тој наскоро да се врати на трките.

Неофицијалните информации велат дека Маркез би можел да се врати на 9 август кога ќе се вози трката за големата наград на Чешка.

Следниот викенд, Маркез ќе ја пропушти својата прва трка во Мото ГП.