Connect with us

Фудбал

Матиќ: Уште само малку ни фали за титулата

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ смета дека на неговиот тим сè уште му недостасува малку квалитет за да се бори за титулата во Премиер лигата.

Црвените ѓаволи играат многу добро во последните неколку месеци и успеаја да се приближат до четвртата позиција која води во Лигата на шампионите.

Матиќ смета дека следната сезона треба да бидат уште подобри со некои одредени промени.

„Морам да кажам дека сега има голема разлика во споредба со почетокот на сезоната, во позитивна смисла, се разбира. Ако додадеме уште 30 проценти, ќе бидеме подготвени да се бориме за титулата во Премиер лигата“, рече Матиќ.

Тој го кажа следново за себе и за неговата возраст:

„Јас сум стар … Јас не се чувствувам така, но факт е дека јас сум еден од најстарите во тимот. Јас сум меѓу ретките кои ја освоија Премиер лигата и други трофеи. Морам да им помогнам на младите луѓе да се развиваат“.

Патем, Матиќ одигра вкупно 31 натпревар оваа сезона, постигна еден гол и две асистенции.