Connect with us

Фудбал

Рој Кин беше шокиран кога ги виде снимки од соблекувалната на Астон Вила: „Што освоија?“

Астон Вила вчера се извлече против Вест Хем (1:1) и успеа да обезбеди опстанок во друштво на најдобрите.

Астон Вила беше на работ да се врати во Чемпионшип по само една сезона, но со многу среќа успеа да се спаси. На крајот, Норвич, Ватфорд и Борнмут се преселија во понизок ранг.

По натпреварот против Вест Хем, имаше голема прослава во соблекувалната на Астон Вила затоа што играчите сакаа да го прослават својот опстанок во друштво на најдобрите.

Но, сцените од соблекувалната не поминаа многу добро во јавноста. Еден од првите што го критикуваа тоа беше легендарниот Рој Кин кој рече дека фудбалерите на Астон Вила малку претерале со прославата.

„Зошто слават? Дали тие освоија нешто? Ова беше тешка сезона за нив, но тие малку претераа со оваа прослава“, изјави легендарниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед.