Connect with us

Фудбал

Сари ги поздрави своите пет минути за одмазда: „Кога ја освоија титулата со мене…“

Фудбалерите на Јувентус синоќа ја совладаа Сампдорија со 2: 0 на домашен терен и официјално успеаја да ја одбранат италијанската титула.

Јувентус по деветти пат по ред стана шампион на Италија и ја продолжи својата неверојатна доминација на Апенините.

На почетокот на сезоната Јуве го превзеде Маурицио Сари, кој често беше критикуван за играта на овој тим, но со освојувањето на титулата, тој сигурно успеа барем малку да ги замолчи своите критичари.

По натпреварот, Сари имаше што да каже за сè и во ироничен тон, тој рече дека фудбалерите на Јувентус се неверојатно добри, со оглед дека успеале да ја освојат титулата дури и со него.

„Беше долго и тешко патување, но со среќен крај. Овој тим заслужува големо признание за гладот ​​за победа и решителноста што ја покажаа по осум титули по ред. Најлошо е кога успехот се зема здраво за готово. Влегов во соблекувалната по натпреварот и само им реков дека тие се очигледно многу добри фудбалери, ако успеаја да ја освојат титулата со мене“, изјави Сари по натпреварот.