Connect with us

Фудбал

ФОТО: Шок во Атлетико Мадрид пред патувањето во Лисабон, двајца позитивни на коронавирус

Големи проблеми за Атлетико Мадрид во пресрет на патувањето во Лисабон за четвртфиналето од Лигата на шампионите каде ќе игра против Лајпциг. Имено, два члена на екипата се позитивни на коронавирус, но се уште не е познато дали станува збор за фудбалери или членови на стручниот штаб.
Овие двајца се ставени во изолација, а останатиот дел од екипата повторно ќе биде тестиран. Мечот против Лајпциг кој треба да се игра во четврток, засега е под знак прашалник.