Connect with us

Фудбал

Давид против Голијат во ЛШ: Цела Аталанта заработува помалку од Нејмар

Во саботата навечер беа познати сите четвртфинални парови во ЛШ. Веќе во среда, почнуваат пресметките и секоја вечер по една. Изненадувањето на сезоната Аталанта ќе игра против ПСЖ. Ова ќе биде практично „Давид против Голијат“.

Квалитетот се разбира е разбирлив и тешко е да се очекува дека ќе има поинаков резултат освен победа на ПСЖ. Сепак, уште еден интересен детаљ има во пресрет на овој меч.

Имено, целиот тим на Аталанта од 22 фудбалери, заработува 29 милиони евра годишно. Тоа е за цели осум милиони евра помалку од она што годишно го зарабодува Бразилецот Нејмар во ПСЖ. Најплатени во Аталанта се Папу Гомез и Запата со по 3,3 милиони евра годишно.

Официјалната годишна плата на Нејмар изнесува 36,8 милиони евра, или нешто повеќе од 700 илјади неделно.

Сепак, како куриозитет Аталанта е единствен италијански тим во оваа фаза годинава во ЛШ.