Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Интер во полуфинале, Манчестер Јунајтед се мачи против Копенхаген

Екипата на Интер прва обезбеди полуфинале во Лига Европа откако вечерва со 2:1 во еден цврст меч го совлада Баер Леверкузен. Стрелците на головите беа Барела во 15-та и Лукаку 21.минута. На спротивната страна погоди Хаверц во 24-та минута. До крајот на мечот двете екипи имаа по неколку добри шанси, но сепак немаше промена на резултатот.

Инаку, поради пандемијата со коронавирус, звшниот турнир, или поточно мечевите од четвртфиналето, па се до финалето ќе се играат во Германија и тоа по една пресметка без реванш.

На вториот меч по 90 минути нема голови помеѓу Манчестер Јунајтед и Копенхаген. Избраниците на Оле Гунер Солсјкер се мачат против данскиот тим иако се фаворити. Тука ќе се играа дополнителни половина час.

Утре се играат преостанатите два дуели, се среќаваат Шахтјор-Базел и Вулверхемптон-Севиља.