Фудбал
Единствен и неповторлив Роналдињо: Групи од жени доаѓаат и излегуваат од неговата соба
Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо повторно се најде во центарот на вниманието.
Некогашниот најдобар фудбалер на светот со месеци бил „фатен“ во Парагвај, каде минувал извесно време во затвор за влез во земјата со лажен пасош, а во моментов е сместен во луксузен хотел што служи како негов куќен притвор.
Сепак, она што може да му донесе нови проблеми е кршење на сите пандемски регулативи, бидејќи десетици жени минуваат низ неговата соба дневно.
Парагвајскиот весник ХОИ објави дека Роналдињо редовно одржува забави. Жените постојано доаѓаат и си одат.
Веста следува откако, наводно, било договорено Роналдињо и неговиот брат да го напуштат Парагвај оваа недела. За него е предвидено да издржи двегодишна условна казна и парични казни од околу 100.000 американски долари.
Меѓутоа, ако се испостави дека тој ги прекршил правилата, постои можност тој да остане во Парагвај некое време.