Фудбал
Дибала „жртва“ за големата желба на Јувентус
Италијанскиот „Тутоспорт“, за кој се вели дека е близок медиум до Јувентус и дека добро ги познава случувањата, тврди дека најдобриот играч во Серие А за изминатата сезона Паоло Дибала ќе биде „жртвуван“ со цел да се убеди Манчестер Јунајтед да го пушти Пол Погба во Торино.
Французинот е одамна желба на Јувентус, кој практично сака да го врати откако го продаде на Јунајтед,
Наводно за тоа дал „зелено светло“ и новиот тренер Андреа Пирло.