Фудбал
Каков пресврт, Давид Силва во Серие А, но не во Лацио!?
Иако Давид Силва и Лацио имале начелен договор за соработка следната сезона, сепак тоа на крајот нема да се случи, тврди Клаудио Анелучи, ФИФА агент и поранешен менаџер на Дибала и Кавани.
-Знам дека Пирло жестоко влегол во овие преговори. Ова е вест која ја добив од некои пријатели, многу важни луѓе. Постоеше договор помеѓу Силва и Лацио, но за жал се додека играчот не потпише трансферот не е реализиран, изјави тој за емисијата „РадиоРадио“.
Наводно, Силва поради почитување на Манчестер Сити и неговото учество во ЛШ, чека да заврши сезоната и во ова натпреварувања, па да ја соопшти одлуката.