Connect with us

Фудбал

Левандовски се огласи на Твитер: „За некои моменти …“

Љубителите на фудбалот синоќа гледаа нереален натпревар помеѓу Барселона и Баерн во четвртфиналето од Лигата на шампионите, а на крајот Баварците славеа со дури 8:2.

Никој не ја понижи Барселона како Баерн во синоќешниот натпревар, а неверојатно е што таков тим прими дури осум гола. Но, сигурно најголемото изненадување е што Роберт Левандовски постигна само еден гол.

Полјакот игра оваа сезона во фантастична форма и синоќа во самиот финиш тој некако успеа да се најде на списокот на стрелци.

Веднаш по натпреварот, Левандовски се огласи на Твитер и покажа колку навистина ужива во ваков вид на победа на германскиот шампион.

„За некои моменти, едноставно нема зборови“, напиша Левандовски по натпреварот.