Фудбал
Менаџерот кој го откри Меси: Лео пред 6 месеци порача дека сака да замине, изморен е од сите лаги на Барселона
Жозеп Мариа Мигеља е менаџерот кој практично го открил талентот на Лионел Меси и е најзаслужниот за неговото доаѓање од Росарио во Барселона. По повод информациите занеговото заминување од каталонскиот тим и тој даде свое мислење откривајќи нови детали.
-Лео уште пред шест месеци јасно даде до знаење на ова раководство на Барселона дека сака да го напушти клубот, бидејќи е сит од нивните лаги и едноставно се измори. Меѓутоа тој „пукна“ дури откако разговарал со новиот тренер Куман, вели Мигеља.
Манчестер Сити и Интер според информациите се тимовите кои се спомнуваат како најсериозни кандидати за ангажирање на Лионел Меси.