Фудбал
Дибала разочаран од односот на Јувентус кон него?!
Според пишувањата на „Газета дело Спорт“, Паоло Дибала и неговите претставници се изненадени, или поточно речено разочарани од спорото одвивање и на некој начин слабата заинтересираност на Јувентус во преговорите за нов договор со Аргентинецот.
Неговиот договор истекува во јуни 2022 година, а наводно Јувентус му понудил 11 милиони по сезона. Не се знае со сигурност, но работите застанале кога менаџерите на Дибала побарале повеќе. Сепак, „Газета дело спорт“ тврди дека самиот фудбалер сака долгорочно да се врзе за Јувентус и дека му здосадиле приказните за негово заминување,