Connect with us

Фудбал

Коронавирус во Манчестер Сити

Двајца фудбалери на Манчестер Сити се позитивни на коронавирус. Станува збор за Лапорте и Махрез, а и двајцата се станеви во изолација согласно протоколот на Премиер лигата и здравствените власти на Велика Британија.

Немаат симптоми, а се претпоставува дека доколку ситуацијата не се влоши, тогаш ќе бидат подготвени за почетокот на сезоната.

Да потсетиме, претходно се сомневаше дека Рахим Стерлинг исто така е позитивен со оглед на тоа дека на Јамајка беше гостин на роденденот на Усеин Болт, кој пред неколку дена беше позитивен на коронавирусот.