Фудбал
Јувентус официјално раскина со Игуаин, стигнува напаѓач од Челзи
Италијанските медиуми соопштија дека синоќа Јувентус и официјално го раскинал договорот со Гонзало Игуаин и наскоро треба да добие нов напаѓач. Нема да биде тоа Луис Суарез, ниту Един Џеко, туку Оливие Жиру од Челзи.

Новинарот Џанлука ди Марцио тврди дека францускиот напаѓач и „Старата дама“ договориле двегодишна соработка за годишна плата од 4,5 милиони евра. Челзи од трансферот ќе добие 5 милиони.