Фудбал
Куман за ситуацијата со Меси: Тој беше во конфликт со клубот
Новиот тренер на Барселона, Роналд Куман, запрашан од новинарите, зборуваше за ситуацијата со Лионел Меси и неговата желба да замине од клубот. Како што вели Холанѓанецот, тој немал никакви проблеми со фудбалерот. Куман вели дека Меси имал конфликт со клубот.
-Тоа беше главно конфликт помеѓу Меси и клубот. Јас зборувам со него за целата ситуација. Тој ќе остане со нас и ќе продолжи во тимот како и досега, вели Куман.
Откако не беше пронајден заеднички јазик за желбата на Меси за заминување, Аргентинецот одлучи да остане уште една сезона и да го одработи договорот до крај. Што ќе се случи во иднина, никој не знае, иако прогнозите се дека тој ќе замине во Манчестер Сити како слободен играч.