Connect with us

Фудбал

ФОТО: Го сакаа Интер и Лацио, а тој промовиран во Рома

И официјално Рома објави дека го комплетирала трансферот на Мараш Кумбула. Тој доаѓа од Верона на двегодишна позајмица, а доколку бидат исполнети условите наведени во договорот, тогаш ќе биде откупен и ќе има договор до 2025-та година.

Во спротивна насока заминаа Четин, Канчелиери и Дијаби. Позајмицата Рома ќе ја чини 2 милиони евра, а на име на трансфер би можеле да платат дополнителни 13,5 милиони.

За овој играч беа заинтересирани Лацио и Интер.