Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Дајте му на Баерн Минхен да игра во друга лига, веќе не е интересно

Почна новата сезона во Бундеслигата. На стартот меч кој требаше на некој начин да биде дерби. Но, сепак Шалке одамна не е на нивото од пред неколку години. Тоа го докажа и синоќа на гостувањето во Минхен, каде Баерн славеше со неверојатни 8:0. Само еден тим постоеше на теренот, тоа беше јасно. Гнабри постигна хет-трик, а по еден гол беа дело на Горецка, Левандовски, Милер, Сане и Мусиала.

Овој меч е уште еден доказ дека Баерн Минхен нема конкуренција во Бундеслигата. Далеку е пред сите други тимови. Така е во изминатите неколку сезони, во кои единствено Борусија Дортмунд, па сега и Лајпциг успеваат колку толку да внесат одредена неизвеснот. Веројатно Баерн Минхен би требало да игра во друга лига, или да му се даде титула уште на самиот почеток од сезоната.