Connect with us

Фудбал

ФОТО: Нови правила во Серие А, играњето со рака на Бонучи не е пенал!

Главниот човек на судиската комисија во Серие А, Николо Рицоли во пресрет на почетокот на новата сезона најави промена на правилата за пенали, што ќе донесе намалување на бројот на казнени удари. Рицоли од судиите барал на теренот да ја проценат динамиката, близината и самата акција во случаите кога топката ќе погоди играч во рака во казнениот простор.

Првата спорна ситуација е видена на мечот Јувентус-Сампдорија (3:0). Во 44-та минута топката по шутот на Бонацоли го погоди Бонучи во раката, која беше далеку од телото, но дефанзивецот беше блиску до противничкот играч, па не успеа да реагира, односно да ја повлече раката.

Судијата Пицини имаше одличен преглед на ситуацијата, но процени дека нема пенал, бидејќи Бонучи немал време да реагира бидејќи бил премногу блиску до противничкиот играч.

Инаку, оваа ситуација предизвика голем број реакции во Италија, особено бидејќи се работи за Јувентус, тим кој постојано е на удар и под лупа по секоја судиска одлука.