Connect with us

Фудбал

„Бомба“ од Шпанија, Суарез раскина со Барселона, веќе се договорил со новиот клуб

Иако пред само неколку часа каталонските медиуми објавија дека Луис Суарез ја одбил понудата од 7 милиони евра за раскин на договорот со Барселона, сепак најновите информации велат дека договорот е постигнат. Наводно Уругваецот ќе ја добие целата плата за последната година од договорот кој требаше да го одработи, а сумата заедно со бонусите надминува 20 милиони евра.

Ако може да му се верува на каталонското радио „RAC 1“ Суарез дури постигнал договор со неговиот нов тим. Тоа ќе биде Атлетико Мадрид.

Искусниот 33-годишен напаѓач заминува од „Ноу Камп“ по шест години, период за кој забележа 198 голови. Тој е трет најдобар стрелец во историјата на Барселона зад Цесар Родригез со 238 и Лионел Меси с 634 голови.