Connect with us

Фудбал

Барселона го одби, па сега напаѓачот се нуди на Реал Мадрид

Пред само неколку дена каталонските медиуми објавија дека напаѓачот Единсон Кавани, кој остана без клуб, откако му заврши договорот со ПСЖ, се понудил на Барселона. Сепак, новиот тренер Роналд Куман рекол НЕ, односно порачал на раководството дека не му треба.

Шпанските медиуми сега пишуваат дека Кавани преку својот менаџер се понудил на Реал Мадрид.

Кавани преговараше со Бенфика, но не успеа да се договори, а го одби Јувентус поради сентименталноста кон Наполи за кого играше неколку сезони.