Connect with us

Фудбал

ФОТО: Мората и официјално потпиша за Јувентус

Алваро Мората и официјално се врати во Јувентус. Тој ќе игра на едногодишна позајмица, за што „Старата дама“ ќе треба да му плати на Атлетико Мадрид 10 милиони евра. Кога ќе заврши сезоната, Јуве ќе може да го откупи неговиот договор за 45 милиони евра.
Мората практично е замена за Игуаин кој замина во Интер Мајами, а прва опција беше Суарез, потоа Џеко, но ниту еден од овие двајца не успеа да ги среди односите со нивните сегашни клубови Барселона и Рома, па не дојде до трансфер.