Фудбал
Зидан не е единствениот чиј дрес го барал Лионел Меси
Лионел Меси во својата колекција има голем број на дресови, а повеќето од нив ги добил од противничките противници кои од него побарале да ги сменат дресовите. Сепак, Меси самиот побарал дрес од Зинедин Зидан, но Французинот, а сега тренер на Реал мадрид, не е единствениот чиј дрес го побарал
Дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер изјави дека Лионел Меси преку Цеск Фабрегас го побарал неговиот дрес.
-Го имам дресот на Меси од времето кога игравме против нив во Лигата на шампионите пред неколку годино. Мислев дека не сака да го смени дресот со мене, но Цеск Фабрегас кој беше во близина ми рече да го дадам дресот на Меси бидејќи тој го сака мојот дрес, изјави Рудигер.